Македонија
24. September 2026 - 13:25

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари

На 23.09.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско пријави дека бил измамен од Б.Р. од с.Горна Матка за сума од 338.250 денари. Според пријавеното, во декември 2025 направиле усмен договор Б.Р. да му изгради куќа за одреден паричен надомест. Како што е пријавено, откако му дал дел од парите, не можел да стапи во контакт со него, по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот соопшти МВР.

Ново на Сител