Македонија
10. October 2026 - 15:20

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му

На 09.10.2026 во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.П.(31) од Скопје, по претходна пријава дека откако дошол пред домот на неговиот чичко насилно ја искршил влезната врата, по што влегол внатре и кршел покуќнина, а откако дошла неговата сестра и нејзе физички ја нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.