Преглед на вестите од светот
Во руските напади во неделата загинаа шест лица во два украински града, вклучувајќи го и нападот врз продавница за храна во Харков, каде што загинаа три лица, а 20 беа повредени, меѓу повредените има две деца.
Снимките од безбедносните камери објавени од Обвинителството во Харков го покажаа моментот на ударот на улица.
Нападите следеа по објавувањето на енергетскиот прекин на огнот меѓу Русија и Украина од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во неделата, за кој тој рече дека „стапува на сила веднаш“.
Русија извршила повеќе од 200 напади врз инфраструктурата за производство и пренос на електрична енергија во Украина во текот на изминатата недела.
Во своето вечерно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ризјави дека руските сили сè уште вршат воздушни напади врз енергетската инфраструктура.
Тие вклучуваат напад врз заедничка централа за греење и електрична енергија во Харков, за кој украински функционер потврди дека се случил по објавувањето на прекинот на огнот од страна на Трамп.
Во петокот, Американскиот претседател Доналд Трамп објави договор со рускиот претседател Владимир Путин за Русија да снабдува дизел гориво за САД и глобалните пазари.
Зеленски го поздрави непосредното „енергетско примирје“ и сè уште ги чека деталите од американската страна.
Трамп изјави дека Русија и Украина се согласиле на непосредно „енергетско примирје“.
Тој истакна дека Украина е подготвена да преземе сите потребни чекори за да се стави крај на војната.
Висок ирански функционер за безбедност изјави дека САД прифатиле дел од седумте услови на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, додека неизвесноста околу другите услови на Техеран останува.
Како посредници за надминување на спорот се вклучени Пакистан, Катар, и Ирак.
САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, но двете страни не успеаја да постигнат доволен напредок кон договор бидејќи тензиите продолжија да ескалираат.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
