Македонија
14. October 2026 - 13:26

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините

Во наредниот период се очекува променливо облчачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. 

 

МИА