Loading Video...
Свет
15. October 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Студентскиот протест во главниот град на Албанија,Тирана и денеска ескалираше во судири со полицијата, откако демонстранти фрлаа тули и бетонски блокови кон владини згради  а полициските сили одговорија со солзавец и водени топови.

Вчера поплалдне десетици  илјади  студенти излегоа  на улиците на Тирана  , при  што ја запалија зградата на Министесртвото за обраозванание и две банкарски филијали, фрлаа камења кон полицајците и оштетија продавници.

Протестите почнаа пред три дена.  Студентите бараат подобри услови на универзитетите и студенските домови , пониски трошоци за студирање и подобри можности за вработување по дипломирањето,. Бараат и оставка од премиерот  Еди Рама.

-Кога ќе дипломираш, не можеш ни да најдеш работа во својата струка. Јас сум втора година на стоматологија и се плашам дека нема да можам да работам во својата област. Затоа што овде, работа во својата струка можеш да најдеш само ако познаваш некого, кој познава некој друг. Тоа е единствениот начин да успееш.

-Оваа влада е корумпирана; таа е предводена и управувана од корумпиран премиер кој има врски со нарко-трговци и кој ја продава Албанија.

Рама порача дека нема намера да поднесе оставка, но дека е подготвен да разговара  со студентите за нивните образовани барања. Притоа изјави дека  опозицијата е одговорна за насилството на студентските протести, со цел да го попречи патот на Албанија кон Европската унија.

Најмалку 33 деца и еден наставник загинаа, а повеќе од 30 лица се повредени откако се урна покривот на приватно училиште во градот Пешавар, во северозападен Пакистан. Дел од повредените се во критична состојба. Несреќата се случила утрово, за време на наставата.

Сопственикот на училиштето е уапсен. Пакситанските власти наајвија повеке информации за несреката за подоцна во текот ан денот. Загинатите деца биле на возраст  од 6 до 12 години.