Македонија
18. October 2026 - 16:39

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении

Трактори и приклучна механизација купени пред 30 до 40 години се уште се главните средства со кои македонските земјоделци ги обработуваат нивите. Ваквата застарена опрема го прави производството се поскапо и понеисплатливо, а младите ги одвраќа од работата во аграрот, вели Зоран Ристов, професор во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што земјоделската струка има посебно место.

Според него, новата механизација би значела значително помали трошоци за поправки, заштеда на гориво и поголема безбедност при работата и транспортот.

Дека обновувањето на опремата оди бавно, потврдуваат и претставниците од секторот за нејзина продажба. Според нив, за да се охрабрат земјоделците да инвестираат во нови машини, потребни се почести и постабилни јавни повици преку програмите за поддршка.

Покрај потребата од редовна финансиска поддршка, како главен проблем се посочува и ситната и расцепкана земјоделска сопственост. Ваквата поделба на нивите го отежнува користењето поголеми машини и современи технологии, како што се дроновите за прскање и модерната агротехника.