Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
Петти ден по ред, насилни протести на улиците во Тирана. Илјадници млади Албанци се судрија со полицијата - фрлаат камења, молотови коктели, се оштетуваат јавни објекти и автомобили. Обвинуваат за корупција, недостиг од работни места и неквалитетно образование. Бараат оставка од премиерот Рама.
Според Премиерот на Албанија, зад протестите стоело странско влијание, а директна вмешаност посочи на Иран. Рама смета дека целта е да се попречи влезот на земјата во ЕУ. Тој открива дека пред два дена бил спречен и обид за напад со дрон на владината зграда.
Во меѓувреме, од улиците во Тирана, властите ги вадат камените коцки за да не може демонстрантите да ги користат за напад.
Рама признава дека младите биле фрустрирани и дека сакаат промени, но ги обвини маскираните демонстранти дека ги користат малолетниците како штит во судирите со полицијата. Рече дека нема намера да си поднесе оставка.
Во насилните протести досега уапсени се над илјада лица, а за речиси 400 се водат кривични постапки.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
