Македонија
26. October 2026 - 16:39

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Победата на студентската листа во Србија и поразот на Александар Вучиќ предизвикаа реакции и на македонската политичка сцена. Честитки до победниците пристигнаа и од власта и од опозицијата, но со различни политички пораки. 
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека не се слават туѓи избори, туку доаѓањето на нов демократски бран во регионот. 

Од ВМРО-ДПМНЕ му возвратија на Филипче. Ниту со 1000 прес конференции против Вучиќ не може да се избришат врските помеѓу лидерот на опозицијата и екс претседателот на Србија. 

Иницијативата Разговори за иднината во 12:05, пак, побара обединување на целокупната прогресивна демократска опозиција. Според иницијативата, политичките промени во регионот покажуваат дека граѓаните се заситени од традиционалните партии, долгогодишните функционери и корупцијата, а за промени во Македонија е неопходен заеднички опозициски фронт.

Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори;

Од владата пристигнаа дипломатски пораки. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и ја честиташе победата на Студентската листа и им посака успех во исполнувањето на очекувањата на граѓаните. 

Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион, напиша Муцунски на платформата X.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, се заблагодари за досегашната соработка со Вучиќ и им ја честиташе победата на студентите.

„Нека оваа победа за вас биде обврска да ја водите Србија напред, а нас во регионот да нè зајакнувате и да нè држите под своја закрила. Со Србија, нашите деца со гордост ќе знаат чии наследници се. Сакаме гласот на Србите од Македонија јасно да се слуша, а со матичната земја секогаш да нè поврзуваат искрено братство, почит и заедништво.“

Со честитки до студентите и претседателот на српската партија во Македонија Српската демократска лига, Саша Богдановиќ.

Од денес зборовите треба да ги претворите во дела. Честитки до Србија, која на целиот свет му докажа што е вистинска демократија, напиша Богдановиќ на Фејсбук.