Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови

Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што се измерени -4 степени. Минусни температури се измерени и во Лазарополе (-3) и во Берово и Маврови Анови (-1).
Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Крушево, 1 степен во Тетово и Демир Капија, 2 во Охрид и Струмица, 3 степени во Виница и Кавадарци, 4 степени во Претор, Прилеп, Штип, Велес и Куманово, 5 степени во Скопје-Зајчев Рид и Битола и 11 во Гевгелија.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд (два литра на квадратен метар) наврнал во Виница и еден во Пожар-Радовиш.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северните делови од земјата ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од северен правец, со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
MИА
Ново на Сител
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
