Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
Младите Давид и Анастасија Цекови, на возраст од само 11 и 12 години, заедно со својот татко Иван Цеков, поминале еден месец на Алпите, каде што успешно освоиле неколку врвови повисоки од 4.000 метри и совладале една од технички сложените алпинистички насоки – Breithorn Traverse пишува „Фокус.мк“.
Меѓу нивните најголеми успеси се искачувањата на Roccia Nera (4.075 метри), Pollux (4.092 метри) и Castor (4.223 метри), како и целосното поминување на гребенската насока Breithorn Traverse, која завршува на западниот врв висок 4.164 метри.
На оваа авантура ѝ претходеле повеќемесечни подготовки. Таткото Иван претходно сам ја поминал планираната маршрута за да ги процени опасностите и техничките предизвици, а потоа со децата детално ги анализирал снимките и фотографиите.
Еден од најтешките предизвици било поминувањето на Breithorn Traverse, кое траело повеќе од 15 часа. Тројцата тргнале во четири часот наутро, а се вратиле околу 19:30 часот, совладувајќи тесни карпести и снежни гребени, стрмни премини и делови на кои морале да користат јаже.

Предизвици имале и по пристигнувањето на голема надморска височина, кога Давид и Анастасија почувствувале симптоми на можна висинска болест. Поради тоа, семејството го одложило искачувањето, побарало лекарски совет и продолжило дури откако децата целосно закрепнале.
Особено напорно било и искачувањето на Castor, каде што на одредени делови снежниот гребен бил толку тесен што имало простор едвај за едно стапало. И покрај сложените услови, младите алпинисти самостојно ги совладувале техничките делови, додека нивниот татко се грижел за осигурувањето со јаже.
Ова не е нивен прв голем планинарски подвиг. Во 2025 година, Давид и Анастасија успешно го искачиле и врвот Gran Paradiso, висок 4.061 метар.
Според досегашните проверки на семејството, ваква комбинација на сложени алпинистички искачувања досега не е документирана кај македонски планинари на нивна возраст.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
