Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа

Во Мадрид доцна синоќа дојде до судири меѓу демонстранти и шпанската полиција, по смртоносната несреќа со воз за големи брзини во која загинаа најмалку 68 лица, јавува ДПА.
Крајно десничарски групи повикаа на протест пред Министерството за транспорт, барајќи оставка од владата поради несреќата.
Според извештајот на телевизијата TVE, на протестот присуствувале околу 1.500 лица, а полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.
Најмалку 68 лица загинаа, а околу 50 се сериозно повредени во судирот на возовите, пренесува германската агенција.
Министерот за транспорт, Оскар Пуенте, за несреќата ја обвини „необјаснивата“ одлука на диспечерите на железничката линија да дозволат еден од возовите да продолжи со движење, и покрај дефектот на безбедносниот систем.
Судирот се случи вчераутро нешто пред 9 часот наутро, во близина на Урда, на околу 130 километри јужно од Мадрид.
Несреќата се случила кога воз на приватната железничка компанија „Ирио“ (Iryo), што стоел во место, бил удрен одзади од воз на државната железничка компанија „Ренфе“ (Renfe).
Два вагони од возот на „Ирио“ и еден вагон од возот на „Ренфе“ излетале од шините и се стркалале по железничкиот насип.
Пуенте изјави дека истрагата ќе треба да утврди дали причина за несреќата е човечка грешка.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
