Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји

Европа ја очекува тридневен бран протести што ќе се одржат истовремено во седум земји со барања за ограничување на цените на становите и кириите, зголемување на платите и пензиите и запирање на брзото вооружување на европските земји.
Дополнителни барања вклучуваат контрола на цените на храната и енергијата, зачувување на квалитетни јавни услуги, заштита на работничките права и повисоко оданочување на најбогатите.
Организациите, исто така, се спротивставуваат на враќањето на политиките за штедење, кои ги поврзуваат со барањата на доверителите на јавниот долг и истовремено зголемување на воените трошоци.
Посебен дел од нивната платформа се однесува на спротивставувањето на понатамошното вооружување и употребата на фосилни горива, со што се поврзуваат економските барања со социјалните и еколошките политики.
Во Париз беше постигнат договор за заедничко дејствување на состанок на претставници на синдикати, здруженија на станари и социјални движења од Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Грција, Италија и Велика Британија.
Според планот на организаторите, протестите ќе се одржат на 20, 21 и 22 ноември, јавија португалските медиуми.
Тереза Мамеде, претставничка на Лисабонскиот синдикат на станари и една од портпаролите на движењето „Акампада“, потврди дека е договорена координирана мобилизација во сите земји учеснички.
Во заедничка декларација, организациите предупредуваат дека становите стануваат се помалку достапни, додека цените на основните потреби и транспортот продолжуваат да ги оптоваруваат буџетите на домаќинствата.
Организаторите веруваат дека товарот на економските проблеми се повеќе се префрла на граѓаните, особено на вработените, пензионерите и закупувачите.
Претстојната мобилизација би можела да обедини различни незадоволства низ цела Европа - од кризата со домувањето и падот на куповната моќ до несогласувањата со зголемувањето на трошоците за одбрана.
Степенот до кој овие барања ќе се претворат во масовни протести и конкретен политички притисок ќе се покаже во текот на трите дена од ноември, јавија француските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
-

„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија
-

Серија дојави за бомби во Европа: Повеќе авиони пренасочени, дел принудно слетале
-

Неделава стабилно, од понеделник услови за слаб дожд
-

Десет возачи приведени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана
-

Скопјанец објавувал туѓи серии и филмови на Фејсбук, заработи кривична
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
