Македонија
9. November 2026 - 13:59

Приведени осум возачи поради „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.П.(45) од Скопје, Н.Е.(56) од с.Морани, скопско, А.А.(35) од с.Студеничани, скопско и Т.Б.(20) од Турција, со престој во Тетово.

Под дејство на алкохол возеле Г.Н.(35) од Пробиштип и Х.Ј.(30) од Битола, додека со активна забрана за управување возило две лица: Н.А.(22) од Скопје и Д.Б.(40) од Штип, кој го управувал возилото и во спротивна насока.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.

Ново на Сител