Свет
11. November 2026 - 10:07

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица

Најмалку 48 лица се повредени денеска во верижен судир во градот Сеонгнам, јужно од Сеул, кога градски автобус се судрил со повеќе од 30 возила што чекале на семафор, соопштија официјални лица.

Во несреќата, што се случила во 7:34 часот по локално време во округот Бунданг, учествувале четири автобуси, како и камион и 27 патнички автомобили, пред автобусот да застане откако удрил во заштитна бариера.

Шест луѓе се здобиле со сериозни повреди, но ниту едно од нив не е во животна опасност, соопштија официјални лица.

МИА