Македонија
11. November 2026 - 13:42

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници

Триесет и двегодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди од изгореници додека се обидувала да запали оган со бензин во селото Орешани, скопско.

Случајот бил пријавен на 10 ноември 2026 година, околу 20:40 часот, во СВР Скопје, откако жената со тешки изгореници била донесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според пријавеното, С.С. се здобила со повредите при обидот да запали оган со бензин.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.