Македонија
16. November 2026 - 12:18
Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
Бугарската минситерка за надворешни работи утрово немаше информации по најавите на опозицијата во Бугарија дека за случајот со Ива Михаилова и притисоците кои врз неа ги вршеле бугарските служби ќе го информира официјален Брисел.
Петрова Чамова која утрово е дел од советот за надворешни работи на европската Унија рече дека ако опозицијата има одредени барања, Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе постапи соодветно.
Скандалот во Бугарија изби откако во јавност беа објавени разговори и пораки на Михаилова во кои таа тврди дека била под притисок на службите во Бугарија.
Против неа во Македонија се води судски процес за сообраќајна несреќа со смртни последици.
-->
-->
