Преглед на вестите од светот
Во Белград денеска почна конститутивната седница на Народното собрание на Србија по изборите одржани на минатиот месец. Но не почна мирно имаше и инциденти. Прес конференција во холот на Собарнието на Србија одржа Александар Вучиќ, а на која зборуваше и Лидија Вукиќевиќ, пратеничка од Српската напредна странка, која беше полиена со јогурт пред Народното собрание на Србија. Таа изјави дека се чувствува ужасно бидејќи, била нападната од Срби. Таа напомена дека, и покрај вербалните навреди, им се насмевнала на присутните и ги поздравила.
Според неа, собраните луѓе почнале да ја влечат и да ја кубат за коса, пред да ја полијат со јогурт. Вукиќевиќ упати критики и кон полицијата, тврдејќи дека не интервенирала.
Инаку, на беше дадена пауза за да може комисијата да ги верификува мандатите.
При пад на авион на војската на Србија „Миг-29“ во близина на Стара Пазова, објави министерството за одбрана на Србија. Од страна на јавното обвинителство и екипи се наоѓаат на местото на несреќата. Според првичните информации во несреќата животот го загубил пилотот на авионот.
Членови на екипажот пристигнаа со хеликоптер во Варна и беа спасени од товарен брод што потона кај брегот на Црното Море на Бугарија. Бродот превезуваше 3.000 метрички тони пченица, пловеше од Романија кон Египет
Менаџерот на бродот со седиште на Маршалските Острови не можеше веднаш да биде контактиран за коментар. Бугарија ја започна операцијата за пребарување и спасување откако доби сигнал за помош рано утро во понеделникот, што укажуваше дека бродот тоне на околу 40 наутички милји од ’ртот Калијакра, се вели во соопштението на министерството. Ова е 17-тиот брод нападнат кај брегот на Бугарија и Романија од средината на јули, според фирмата за поморска безбедност Диаплус.
Водите покрај бреговите на двете земји-членки на НАТО станаа главна рута за пратки од Украина, еден од најголемите извозници на жито во светот, чии пристаништа на Црното Море се под постојан оган од Русија по нејзината инвазија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека претставници на сите клучни европски земји и институции за прв пат се придружиле на онлајн повик со украински и американски претставници, опишувајќи ги разговорите како тешки, но продуктивни. Тој рече дека разговорите дале резултати и дека учесниците ќе се сретнат во Берлин во рамките на Коалицијата на волјата.
Зеленски, исто така, повика на нови пакети воена помош пред состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн во вторник и предупреди дека Русија може да започне уште еден напад, повикувајќи ги Украинците да одговорат на предупредувањата за воздушен напад.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
