Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на САД во земјата.
На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, биле потврдени посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка.
Посебен акцент на разговорот биле економската и трговската соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес.

Вицепремиерот Николоски посочил дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д се реализираат со одлична динамика во согласност со предвидените рокови.
На средбата станало збор и за соработката во рамките на НАТО и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.
Николоски и Варнс разговарале и за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија.
Притоа, како што се наведува во соопштението, била истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката, особено во делот на економијата и трговската размена.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
-

Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
-

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
