7 случаи на семејно насилство само викендов, 4 лица се приведени
7 нови случаи на семејно насилство низ државата само во текот на изминатото деноноќие. Билтенот на МВР евидентирал случаи во Битола, Крива Паланка и Скопје а полицијата интервенирала и со приведување на напаѓачи. Приведени се 4 мажи за физички напади и закани, а во Гостивар и Тетово се поднесени кривични пријави меѓу кои и за прекршување на судска мерка за заштита. Министерот за внатрешни работи порача дека институциите немаат луксуз за нови оправдувања. Клучен проблем со кој се соочува МВР е тефтер системот за евиденција на кривични дела што е сериозна пречка за правовремено дејствување на службата. Тошковски најави комплетна дигитализација на податоците до 2027 со чија помош побрзо ќе се евидентираат, анализираат и преземаат конркетни мерки од министерството.
Паралелно со дигитализацијата, фокусот се става и на кадровското зајакнување и превенција.
Тошковски порача дека за проблемот со насилството потребен е поширок фронт кој што ќе ги вклучи институциите, центрите за социјални работи, невладиниот сектор и медиумите бидејќи само со превенција може да се прекине црната статистичка низа. Од владата највија дека многу скоро пред пратениците ќе се најдат предлог измените кои се однесуваат на неколку закони со кои очекуваат да се обезбеди поголема превенција и заштита од насилство.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
