Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
Секој што тврди дека се работи само за уставни измени не е искрен, добрососедските односи треба да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за блокади. Претседателката на Македонија Силјановска Давкова обраќајќи се на дебата за извештајот на ЕК за земјава со остра порака до соседите и европските институции, дека уставните измени не се неопходни критериуми за ЕУ, туку се однадвор наметнати. Повика Собранието и институциите да вложат големи напори за да се постигне консензус за европскиот пат. Целта на Македонија е полноправно членство во ЕУ.
Реформите добија на динамика и тоа се вистински показатели, но уставните измени, реформите во администрацијата и правосудството се клучни за следна фаза во интеграциите, оценува евроамбасадорот Рокас. Ги осуди случаите на насилство и побара примена на законските решенија.
Извештајот е катастрофален е оценка на опозицискиот лидер Филипче. Го повика евроамбасадорот Рокас да и помогне на земјава со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.
ЕУ не смее да дозволи билатерализација на процесот. Кога еднаш ќе се случи не значи дека нема да се повтори, вели потпретседателот на парламентот Милошоски.
Брисел оценува и дека покрај забелешките во повеќе области, напредок е нотиран во дигитализацијата, усогласувањето со надворешната и безбедносна политика и практичните насоки.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
