Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
Секој втор возрасен во Македонија пуши цигари, ако се земат предвид и електронските, тогаш 54% односно повеќе од половина од македонската популација пуши цигари. Загрижувачки податок е тоа што секој 10ти од пушачите пробал да ги откаже цигарите, но најдолго издржал околу два месеци. Најчесто ги оставале цигарите од две причини.
Месечно во просек просечен пушач троши околу 4.800 денари, пресмета аналитичкиот центар Аналитика. Според нивната статистика една четвртина од пушачите пуши повеќе од една кутија дневно.
Ако се земе просечната цена на цигарите моментално во Македонија тие изнесуваат 170 денари, по две кутии на ден се 340 денари. Месечно вкупната цена е 10.200. Годишно тоа се 2.000 евра трошок само за цигари. Со овие пари на годишно ниво може да се отиде на семеен одмор, па дури и да се купи половен автомобил.
Од Истражувачкиот центар Аналитика, сметаат дека во Македонија има економски парадокс, бидејќи со растот на платите, не растат цените на цигарите.
Треба значително повисоки цени на цигарите, вели д-р Аким Али од Светската здравствена организација, кој изрази загриженост поради тоа што пред училиштата пушат не само учениците, туку и наставниците.
Пола нација издвојува повеќе пари за да си наштети на здравјето отколку да го заштити здравјето, вели министерот за здравство.Загрижувачки податок е продажбата на цигари на малолетници, кои според податоците, 2/3 од децата под 18 години не биле одбиени кога купувале цигари. Со новиот закон за заштита од пушење акцент ќе се стави на продажбата на цигари на малолетници и пушењето цигари во затворен простор.
Анкетата е спроведена од страна на истражуваќкиот центар Аналитика на 1065 испитаници.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
