Македонија
26. November 2026 - 12:20
ССМ бара платено отсуство од работа за работничките и работниците кои се жртви на насилство
Платено отсуство од работа за работничките и работниците кои се жртви на насилство, законски измени со кои ќе се заштитат од губење на работното место и доследна примена на Конвенцијата 190 на Меѓународната организација на трудот.
Ова се дел од барањата што ги упати Сојузот на синдикатите на Македонија во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените“.
Од ССМ сметаат дека е неопходно итно да се пристапи кон законски измени со кои на жртвите на насилство ќе им се овозможи платено отсуство од работа доколку поради претрпеното насилство не се во можност да ги извршуваат работните обврски.
-->
-->
