Македонија
26. November 2026 - 12:20

Недостигот на кадар го пополнуваат младите

Недостигот на кадар во хотелско-угостителскиот сектор во Охрид повеќе не е само летен феномен, туку хроничен проблем кој трае во текот на целата година поради континуираниот одлив на стручен кадар  во странство и краткотрајните сезонски ангажмани. Недостигаат од готвачи и келнери до собарки и рецепционери.

Младите најчесто се вклучуваат сезонски или за време на празници и зголемен обем на работа, но дел од нив заминуваат штом ќе стекнат искуство или завршат образование.

Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека треба да се  искористат домашните ресурси преку дуалното образование учениците да се стимулираат.

Иако има и средно угостителско училиште младите не се заинтересирани да градат кариера во овој сектор.