„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
Засилен инспекциски надзор низ целата држава за време на акциите по повод „Блек фрајдеј“. Државниот пазарен инспекторат со над 30 тимови контролира повеќе од 300 правни субјекти со цел да утврди дали попустите се реални и дали цените транспарентно се истакнати.
„Посебно внимание ќе биде посветено кај белата техника, електронските уреди, мобилни телефони, копјутерската опрема, облеката, обувките и мебелот- производи за кои трговците во овој период најчесто најавуваат значителни намалувања.“ велат од инспекторатот од каде најавија дека посебен фокус ќе биде ставен на откривање на измами и акции кои ги доведуваат потрошувачите до заблуда.
Контролите се реакција на честите поплаки од граѓаните дека одредени производи прво поскапуваат, за пред акцијата да се вратат на старата цена и да се најават како попуст.
Од организацијата на потрошувачи велат дека кај нас блек фрајдеј трае подолго а во пракса се покажало дека и одредени трговци по оваа еуфорија даваат поголеми и пореални попусти во текот на празничните денови па апелираат до граѓаните да не подлегнуваат по евтини маркетингшки трикови.
Ризици постојат и во онлајн купувањето и тука треба да внимаваат потрошувачите особено да не подлегнат на маркетинг од нерегистрирани профили на социјалните мрежи. Потсетуваат дека без фискална купувачите ќе останат без гаранција и можност за рекламација. Законските правила се јасни, за да се означи попуст, цената на производот во претходните 30 дена мора да биде идентична со најниската цена пред попустот.
Трендот на недоверба не е карактеристичен само за македонскиот пазар. Со растот на попустите расте и скептицизмот, купувачите се помалку веруваат на рекламите а голем дел од трговските ланци на бутици за гардероба и се откажуваат од акцијата.
Глобалните податоци покажуваат дека дури 88 отсто од купувачите користат алатки со вештачка интелегенција за споредба на цените, додека над 70 проценти сметаат дека редовните цени се вештачки подигнати. Анализата на ДХЛ покажува дека 1 од 3ца купувачи се откажува од купувањето при изборот на достава. Проекциите во САД за блек фрајдеј за онлајн продажба се 12,9 милијарди долари.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
