Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
Расчистено е убиството на 38-годишниот жител на скопско Љубин, чие безживотно тело викендов беше пронајдено кај Смилковското езеро. Полицијата, вчера го уапсила осомничениот, 38 годишниот скопјанец Б.Ј, кој, според МВР, пред инпсекторите појаснил како го извршил убиството на својот врсник.
Што било мотив за убиството и дали осомничениот и жртвата се познавале, досега нема информации. Случајот е сега во рацете на скопското јавно обвинителство откако полицијата против осомничениот, поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство според член од законот кој предвидува и доживотен затвор.
Телото на убиениот маж во саботата рано наутро го пронашол случаен минувач. Во близина бил и неговиот автомобил „мерцедес“ со скопски регистрации во кој се наоѓал и мобилниот телефон на убиениот. При увидот било утврдено дека мажот бил застрелан во ногата, а според досегашните сознанија, смртта настапила како последица на обилно крварење.
Убиството извршено викендов е во непосредна близина на Смилковското езеро каде пред 14 години беше извршено петкратно убиство. Застреалани беа четири млади момчиња од Радишани и Бутел и еден жител на Црешево. За овој случај познат како „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени две лица кои се во бегство, други двајца пак ги издржуваат казните во траење од девет и 15 години.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
