По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови

Повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, ноќеска беа цел на украински дронови. Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од илјада беспилотни летала, пишува „Евроњуз“ (Euronews).
Новиот напад се случи само еден ден откако Русија објави дека уништила повеќе од 1.200 украински дронови. Стотици дронови во последниот бран го гаѓаа московскиот регион, додека украинските сили нападнаа и десетина други области.
Двете земји ги засилуваат воздушните напади во последните месеци, а војната влегува во својата петта година.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 дронови летале во поширокото подрачје на главниот град.
„Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните пристапи. Вкупно 105 дронови беа уништени на самиот пристап кон Москва“, напиша Собјанин на државната платформа Maкс.
MИА
Ново на Сител
-

Четворица возачи лишени од слобода во Тетово, двајца возеле со речиси два промили алкохол
-

Кошаркарките на Вардар и по шестото коло со максимален ефект
-

По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
-

Јанчев: Се работи со полн капацитет, снегот се отстранува и се одржува проодноста на патиштата
-

Шпанија денеска избира нова власт
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
-

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј
