Фудбал
21. April 2016 - 19:31

Победи водечкото трио во Шпанија

Трите водечки екипи во шпанската Примера на синоќешните дуели од 34. коло остварија победи и ја продолжија борбата за шампионската титула.

Најубедлива беше Барселона која со 8:0 славеше на гостувањето кај Депортиво, а Луис Суарез постигна четири голови. Реал Мадрид го победи Виљареал, додека Атлетико Мадрид беше поуспешен од Атлетик Билбао.

Резултати на дуелите од 34. коло: Реал Мадрид – Виљареал 3:0, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 0:1, Хихон – Севиља 2:1, Малага – Рајо Ваљекано 1:1, Валенсија – Еибар 4:0, Депортиво – Барселона 0:8, Бетис – Лас Палмас 1:0 и Еспањол – Селта 1:1.

Вечерва се играат последните два дуела: Реал Сосиедад – Хетафе и Гранада – Леванте.

Табела: Барселона 79 бодови, Атлетико Мадрид 79, Реал Мадрид 78, Виљареал 60, Атлетик Билбао 54, Селта 54, Севиља 49,...