Македонија
10. August 2015 - 16:36

ИСИЛ со закана до Македонија по акцијата за апсење на нивни членови – МВР врши проверка

Под лажно име и од лажен профил на социјалните мрежи извесен Сејфедин Ал Албани ги повика албанците да се подготвата за борба. Според пишувањата на албанските медиуми текстот на албански јазик е реакција на големата анти терористичка акција која македонското МВР ја реализираше минатат недела и во која беа приведени 9 лица осомничени дека биле соработници на најголемата терорирстичка организација Исламска Држава.

Ал Албани посочува дека е дојдено времето за реакција на ИСЛИ на Балканот, посебно во Македонија.

-Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хророрт во Косово и Куманово? Затоа придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!, стои во допсиот објавен на социјалните мрежи.

Албанските меидуми пишуваат дека најверојатно станува збор за албански државјанин кој е дел од Исламска Држава и учесник во борбите во Сирија.

Заканата упатена од Ал Албани ја проверуваат и во МВР. Очекувано е велат по акцијата да следуваат вакви закани и истите се примаат со најголема сериозност. Полицијата го проверила идентитето на лицето кое е подтпишано во писмото но не минува во евиденцијата на МВР.

Не е прв пат да стигнуваат вакви закани. Слична порака и повик за борба упатуваа и дел од припадниците на терористичката група која беше разбиена во Куманово. За последниот слулчај македонското МВР побарало помош во откивање на идентитетот на испраќачот и од безбедносните служби во соседството.