Македонија
29. July 2016 - 16:27

ЛПМ: Државно-партиската колаиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на штета на граѓаните

Барајки пат за избори државната коалиција помеѓу Груевски Заев и Ахмети само си создаде пат за годишни одмори. Лидерот на либералната партија оценува дека така наречените реформи кои ги спроведуваат лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино нема да донесат ништо добро за граѓаните.

Величковски оценува дека државно партиската коалиција само ги деофуксира граѓаните од битните прашања. Либералната партија неколкупати досега предупредувала дека е доведена во прашање една од стратшките точки за земјата - енергетскиот пазар преку случајот Макпетрол. Величковски вели дека актуелната поставеност на пазарот преку најголемиот снабдувач на пазарот со нафта и нафтени деривати овозможува најниски цени во регионот, а новите случувања според него можат да донесат и енергетска зависност за земјата, преку наводниот руски инвеститор.

- Денес гледаме процес кој најавува опасност од политичко, но и стратешкопрекројување на пазарот со енергенси. Всушност, „Макпетрол“, но и воопшто снабдувањето на пазарот со нафта, деривати и гас, ризикува да стане колатерална штета и дел од пржинското договарање. Затоа ги предупредуваме„државните коалиционери“ Груевски, Заев и Ахмети дека владеењето на правото, а не партиската поделба на економијата е основна задача на одговорната политика, вели Величковски.

Либералната партија порачува дека за разлика од Груевски, Заев и Ахмети кои се занимаваат со формите на оддржување на партискиот поредок тие бараат гарантирање на секуларноста на дрѓавата, владеење на правото ис табилност на институциите, парламентарна демократија и опстојување на патот на евро – атлантските интеграции.