Македонија
25. August 2016 - 19:36

Набавката на нова опрема ќе го крене степенот на борбена готовност на АРМ

Новата опрема ќе ја подигне борбената готовност на АРМ на повисоко ниво, смета командантот на Здружената оперативна команда генерал мајот Васко Ѓурчиновски. Тој во интервју за ТВ Нова вели дека со модернизацијата ќе се изградат мобилни, способни и ефективни сили со кои ќе се гордеат сите граѓани, а нашата армија ќе биде рамноправна со НАТО партнерите.

Според генерал мајор Ѓурчиновски веќе 2 години тимови од сите служби на АРМ се вклучени во процесот на модернизација на армијата. Покрај набавка на нова опрема ќе се репарира и постоечката која уште може да се користи. За поспецифичната опрема со која нашите војници досега не ракувале ќе биде спроведена обука.

Со најголемата набавка на опрема во армијата изминатите 24 години ќе се модернизираат сите единици на АРМ. Ќе бидат инвестирани 300 милиони евра.