Македонија
6. October 2016 - 17:24

Околу 18.000 ученици имале кариес, повеќе расипани заби имаат основците

Кариес имаат околу 18.000 ученици. Последните систематски прегледи покажуваат дека повеќе расипани заби имаат основците. 13.065 деца не водат грижа за своето орално здравје, а половината имале криви заби. Малку подобра е состојбата кај средношколците. Кариес имале околу 4.700 ученици во средно, а ортодонтски аномалии биле регистрирани кај 1800 од нив.

Од друга страна училишните стоматолози тврдат дека состојбата со забите кај децата значително е подобрена по носењето на националната стратегија за превенција на оралното здравје.

-Оралното здравје е многу подобрено кај децата бидејќи ние ги учиме нив дека треба да си ги мијат забите, им делиме четкички со пасти, значи многу е подобрено во тој однос и ние ги контролираме кога доаѓаат кај нас кога им ги залеваме забите и контролираме дали имаат карие или не, вели д-р Кирјакица Бакалчева Николова, стоматолог во Здравствен дом Скопје.

Задолжителните систематски прегледи покажаа алармантни резултати за здравјето на децата. Секој втор ученик има рамно стапало, а секое трето дете има искривен ‘рбет или проблеми со видот. Како најголем проблем за ваквата состојба лекарите ја псочуваат недоволната физичка активност и честото седење пред компјутер.