Македонија
10. October 2016 - 17:03

Иванов -Фишер: Да продолжи проширувањето на Унијата

Политиката на проширување на Европската унија мора да продолжи, интеграцијата на Балканот е од суштинско значење за севкупниот мир, безбедност и стабилност во регионот согласни се македонскиот и поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер.

На средбата во Виена двајцата соговорници се согласиле дека Унијата стагнира и се соочува со се поголем број проблеми. Иванов и Фишер, сметаат дека наспроти ваквата состојба Европската унија мора да ја надмине кризата и да продолжи понатаму. Токму од виена на конгресот на паневропска унија Иванов порача дека наместо балканот да се европеизира, унијата се балканизираше.

На денешната средба двајцата соговорници разговарале и за мигрантската криза. Фишер изразил задоволство од начинот на кој Македонија успешно се справува со мигрантската и бегалска криза, но заеднички став со Иванов бил дека е неопходна засилена безбедносна соработка меѓу сите земји од Европскиот континент.

Иванов и Фишер разговарале и за актуелните политичко економски случувања во Македонија. Поранешниот австриски претседател Хајнц Фишер важи за долгогодишен пријател на Република Македонија и еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ, а токму Австрија беше иницијатор на Групата пријатели во Европскиот Парламент.‎ Наследникот на Фишер треба да биде избран на повторениот втор круг од изборите закажан за 4ти декември.