Македонија
11. October 2016 - 16:24

Владата ги зголеми бенефициите за компаниите кои го поддржуваат спортот

Владата донесе одлука дополнително да се зголемат бенефициите за подршка на спортот. Наместо најавените 20 ослободувањето од плаќање данок на добивка ќе биде 35 проценти за спортови во кои има организирано лига.

Зголемена можност е дадена за финансирање на фудбалски клуб, каде се дозволува донирање на средства во висина од 50% од пресметаниот износ на данок на добивка, за што фирмата за исто толку ќе биде  ослободена од плаќање на данокот
Додека пак, финансирањето  во ракометен или кошаркарски клуб, донирањето може да биде во висина од максимум 40% од пресметаниот износ на данокот на добивка

Зголемување на можноста за донирање, и на тој начин ослободување од дел од данокот на добивка направен е и кај индивидуалните спортисти.

Имено, иако првично беше најавено дека со оваа мерка ќе бидат опфатени и врвните спортисти од олимписките спортови со поддршка максимум до 6% и поддршка на индивидуалните спортисти од неолимписките спортови максимум до 3% од данокот на добивка Сега, компаниите ќе можат да доделат максимум до 10 % од данокот на добивка за поддршка на индивидуални спортисти од Олимписките спортови, односно максимум 5% од данокот на добивка за поддршка на индивидуалните спортисти од Неолимписките спортови.

На владината седница во делот на измените на Законот за спорт, кој наскоро ќе влезе во Собраниска процедура, по одржаните расправи, се предвидуваат намалување на дел од ограничувањата особено кај спортските клубови кои се потенцијални корисници на донации.

Ако  првично беше најавено дека во секој У.О. на спортските клубови ќе биде потребно задолжително да членуваат најмалку 2 правници и 2 економисти, со новите измени се предвидува ваквата одредба да важи само за спортските клубови во фудбал, ракомет, кошарка  во 1-ва лига, односно и во оние спортски клубови кои ќе добијат донација поголема од 10.000 евра, а  спортските клубови кои се регистрирани како здруженија на граѓани  треба да членуваат најмалку 1 правник и 1 економист.