35 студенти добија стипендии од фондацијата „Трајче Мукаетов“
Десетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 35 нови стипендии за студенти на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет. 20 се од Медицина, а 15 од Фармација. Тие 12 месеци ќе добиваат по 6.500 денари.
- Со ова бројот на стипендии кои Фондацијата „Трајче Мукаетов“ досега ги има доделено се 379 на студенти по фармација и медицина вклучувајќи ги и новите 35 од оваа година. Од нив 142 студенти по фармација и 108 по медицина се веќе дипломирани, што значи имаме 250 наши стипендисти кои веќе дипломирале. Од нив 40 веќе работат во компанијата „Алкалоид“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид АД Скопје.
Стипендиите се доделуваат врз основа на остварениот успех, материјалната состојба на студентот и диплома од некоја активност.
- Соработката на Универзитетот со фармацевтската куќа „Алкалоид“ доби една нова димензија, која како, понатаму ќе биде пропратена со разни модалитети на соработка, изјави проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.
Почнувавајќи од 2009 година Фондацијата “Трајче Мукаетов” основана од Алкалоид АД Скопје доделува и еднократна награда за најдобрите студенти, првенци на генерација на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет.
Со 1.200 евра годинава се наградени Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет со просек 9,93 кој претходно бил стипендист на Фондацијата и Марко Костовски од Медицина со просек 9,97.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
