Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин

Британскиот Формула 1 возач, Ландо Норис со Мекларен го заврши првиот ден од предсезонските тестирања во Бахреин со најбрзо време. Тој постигна време од 1:30.430 минути.
Норис извозе 52 круга во попладневната сесија, која беше во прекин повеќе од еден час поради прекин на струја на патеката.
Втор беше Џорџ Расел со Мерцедес со 0,157 секунди зад Норис, а трет светскиот шампион Макс Верстапен со Ред Бул со 0,2 секунди заостанување. Расел забележа 70 круга, а Верстапен – 78.
Интересно е што најдоброто време на Норис беше постигнато на тврдите гуми на Пирели, додека Расел и Верстапен ги извозеа своите најбрзи кругови со средно тврди пневматици. Ова укажува на предноста на Мекларен, барем во денешни услови, иако не е познато колку гориво имал секој возач во својот болид при обидите за брзи кругови.
Најмалку кругови забележаа двајца возачи на Астон Мартин – 46 за Фернандо Алонсо и 42 за Ленс Строл. Естебан Окон успеа да комплетира најмногу кругови со Хас – 88
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
