Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот.
Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта.
Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.
- Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот - велат од ЈП „Македонијапат“.
Апелираат возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки.
МИА
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
