Loading Video...
Фудбал
9. February 2022 - 2:40

Нов "кикс" на Манчестер Јунајтед

Екипата на Манчестер Јунајтед направи нов кикс. 
 
Во натпревар од 24 коло на Премиер лигата "цревните ѓаволи" на гостувањето кај последно пласираниот тим на Барнли освоија само еден бод. 
 
Иако Погба во 19.минута му донесе водство на Манчестер, сепак по само две минути игра во второто полувреме, Џеј Родеигез израмни на 1:1 што се покажа и како конечен резултат на натпреварот. 
 
Тоа го искористи Вест Хем кој со победата над Ватфорд со 1:0 го мина Манчестер на 4-место на табелата со бод, но и натпревар повеќе
 
Јунајтед пак сега со еден бод повеќе од Арсенал, а четири од Тотенхем, но лондонските екипи имаат два односно три натпревари помалку одиграно од Манчестер.