Нов современ апарат за клиниката за нефрологија
Уште пред да се направи биопсија на новиот ехо апарат на Нефрологија може да се види дали пациентот има малигно заболување на бубрезите. На оваа апаратура годинава се очечува да се направат околу 4000 дијагностички и терапевтски процедури на повеќе органи.
-Веќе работиме со него и ги гледаме неговите предности, значи една многу повисока резолуција односно прецизност во дијагностицирањето и проценка на квалитетот на ткивото од органите што ги гледаме. Ова значително подобрување ќе ни овозможи посигурна, попрецизна и поквалитетна медицинска услуга за нашите пациенти, изјави проф.д-р Александар Шиколе, директор на Клиниката за нефрологија.
Овие поцедури не се правеа на претходниот апарат стар 23 години.
- Очекувам во наредниот период дополнително да се воведат и методи кои воопшто не се работеле на Клиниката, а чие воведување е можно со набавката на овој апарат. Се договоривме во наредните денови да добиеме предлог за доктори од Италија или од некои други европски држави кои би дошле да извршат дополнителна едукација на докторите на нефрологија со цел воведување и на тие методи, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Новата апаратура на Нефрологија чини 3,5 милиони денари, а досега министерството за здравство за клиниката има набавено опрема во вредност од 10 милиони денари.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
