Loading Video...
Фудбал
17. December 2022 - 15:31

Нов убедлив пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата

Македонскиот првак го претрпе и деветтиот пораз во Аба лигата. Аеродромци се совладани на гостувањето ја Задар со убедливи 98-79 во натпревар од 11.коло.
 
Уште од самиот почеток домаќините покажаа дека се ниво подобри од МЗТ и првиот период го добија со 13 разлика, а веќе на полувремето имаа убедливи +22 поени предност (57-35). Така второто полувреме беше само чиста формалност па Задар ма крајот славеше со убедливи 19 поени разлика.
 
На тренерот Александар Петровиќ не му преостана ништо друго освен спортски да признае дека противникот бил далеку подобар.
 
Миќовиќ со 22 и Војдан Стојановски со 18 поени беа единствените расположени во нападот на МЗТ за кој следне предизвик е тимот на Сплит против кој ќе играа на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ и тоа во четврток 22 декември.