Македонија
22. May 2025 - 12:43

Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани

Министерството за внатрешни работи утрово спроведува нова акција чија цел е нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.

Зголемено присуство на полицијата има во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.

Според неофицијални информации, акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси.

Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Во рамки на акцијата се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Акцијата е во тек и се очекуваат повеќе информации по завршување на истражните дејствија.