Нова техника за борба против маларијата во Африка
Професорот Абдулај Дијабате од Буркина Фасо е добитник на наградата „Ѕидови кои паѓаат“ за наука и управување со иновации за 2023 година, за неговото истражување, за кое организаторите велат дека „нуди надеж за контрола на маларијата“.
- Иновативните алатки за контрола на маларијата се единствениот начин да се победи болеста. Иако мрежите (за комарци) вршат одлична работа, има широка отпорност на инсектициди кај различните видови комарци, особено кај оние што пренесуваат маларија. Затоа е тешко да се победи маларијата со овие досегашни конвенционални алатки. Исклучително е важно да се биде иновативен и да се создаваат нови алатки коишто можат да ги надополнат постоечките. Во спротивно, нема шанси да ја победиме маларијата, изјави Дијабате.
Според тоа, „специфичните прашања“ околу технологијата за управување со гените може да биде клучна кога ќе биде воведена како пракса.
Научникот, инаку, раководи со Одделот за медицинска ентомологија и паразитологија на Институтот за истражување на здравствените науки во Буркина Фасо. Според наводите, тој развива иновативна техника што потенцијално би можела да ги уништи видовите комарци што пренесуваат маларија со менување на гените на самите инсекти.
Како што пишува Си-ен-ен, Дијабате бил единствениот Африканец меѓу 10-те добитници на светско ниво на годинешното доделување на престижната научна награда.
Маларијата е водечка причина за смртност во Буркина Фасо, каде што речиси сите 22 милиони жители, особено децата, се изложени на опасност од оваа болест. Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во 2021 година маларијата убила речиси 19.000 луѓе во оваа западноафриканска земја.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
