Нови апарати за физикална во поликлиниката Букурешт
Се повеќе млади страдаат од вкочанетост. Неправилното вежбање во теретана и предолгото седење во иста положба според лекарите се најчеста причина за болки во кичмата. Надлежните тврдат дека се зголемува бројот на пациенти кои со ваква дијагноза мора да одат на терапија. Лани само во поликлиниката Букурешт физикална користеле над 11.000 лица. Неодамна во установата е набавен нов апарат на овој оддел.
-Физикалната терапија се повеќе се применува особено во хронично дегеренативни заболувања меѓутоа доста актуелна и во најпродуктивната фаза од 25 до 50 години каде луѓето со болки од различна природа како и калцификатите, кои се создаваат од нераздвиженост, спортски повреди, неправилно вежбање, посоперативно ќе имаат можност да ги добиваат третманите за аналгетско разбивање на калцификатите, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
-- Вакви апрати има во приватното здравство каде еден третман чини некаде до 1.500 денари, а овде ќе чини 350 денари, сериозно пониска сума. Очекувам жителите во општина Карпош и пошироко да можат да ги користат услугите на овој апрат и на докторите, медицинскиот персонал кој ќе дава ваков тип на здравствени услуги, истакна Никола Тодоров, министер за здравство.
Комплетно се заменети и сите апарати за физикална медицина во поликлиниката. Некои од нив беа стари и над 30 години.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
