Нови фотографии од напаѓачот во Ист Гејт, МВР се уште трага по него
И по два дена од пукањето во Ист гејт, полицијата се уште трага по напаѓачот. Медиумите објавија нови фотографии од него, на кои јасно се гледа неговиот лик. Според информациите, тој седел во обложувалницата во близина на ескалаторот каде ги рани Штекли и неговиот пријател.
Од сликите и видото се гледа дека напаѓач е облечен во бел дуксер, а пиштолот го носи во џебот. На главата има капа и безжични слушалки. Новите фотографии се многу појасни од онаа која ја објавија од МВР и побараа доколку некој има сознанија за лицето да пријави во полиција.
Според информациите, напаѓачот трпеливо ги чекал Штекли и неговиот пријател во оваа обложувалница. Тој точно знаел дека Штекли тренира во теретаната во Ист Гејт. На сличен начин, Штекли беше на мета на вооружени лица и во август, кога успешно ги избегна куршумите. Кој и зошто сака да го ликвидира Штекли од МВР нема детали, иако министерот рече дека формирале посебен штаб за расветлување на овој случај.
Според Спасовски се работи за криминални пресметки, а минатото на Штекли вели им е добро познато на полицијата. Тој тврди дека со последните акции на полицијата биле приведени неколку членови на овие криминални групи.
Јавноста е вознемирена по синоќешното пукање кое не е прво во Ист Гејт. На престрелката сведоци беа повеќемина посетители на трговскиот. Ниту првиот напад на Штекли не беше расветлен до крај. Штекли и неговиот пријател беа погодени со повеќе куршуми и се уште се на интезивна нега. Инаку Раде Трајковски Штекли е поврзан со неколку кривични дела, одлежал и затворски казни а беше и бегалец со меѓународна потерница.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
