Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад
Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат.
Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера наутро.
Таму ги пречекаа голем број граѓани кои ја поминаа ноќта блокирајќи го влезот во зградата.
На повик на студентите во блокада граѓаните останаа во блокадата на зградата во текот на целата ноќ, дежурни во смени.
Зградата каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата е блокирана бидејќи активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и неформалната студентска организација СТАВ се притворени до 30 дена.
Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, по продолжувањето на притворот по третпат, почна штрајк со глад, а вчера беше префрлена во болницата во Централниот затвор во Белград во тешка состојба.
Блокадата на судот и обвинителството продолжи со барањето за ослободување на сите притворени лица.
Граѓаните се повикани денеска да ја блокираат зградата и да не им дозволат на вработените да влезат во неа, откако вчера, со помош на полицискиот кордон, прво влегоа, а потоа си заминаа од работа.
Ново на Сител
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон