Македонија
26. April 2026 - 16:38

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село

Општина Ново Село ќе инвестира над 100 илјади евра во обнова на постоечките и воведување нови туристички содржини. Намерата е да се унапреди туристичката понуда и да се подобри пристапноста до природните убавини под Беласица.

Проектите предвидуваат активности на водопадите во Колешино и Смоларе, како и на изворите во Мокрино.

Според најавите, платформата на Колешинскиот водопад целосно ќе биде обновена, исто како и летниковците и пешачката патека што води до водопадот.

Нова инфраструктура ќе добие и Смоларскиот, најголемиот  водопад во државата. Во иднина  оваа природна убавина туристите ќе можат да ја набљудуваат од нова метална платформа. Изборот на метална конструкција е направен со цел да се спречат идни оштетувања, откако претходната платформа беше уништена во пожар.

Со поддршка од Светска банка, наскоро се очекува да започне и асфалтирањето на пристапната улица кон водопадот.

Во рамки на проектите ќе се интервенира и на Мокринските извори, каде е предвидена реконструкција на дел од постоечките содржини.

Во последните неколку години, интересот за посета на туристичките локалитети во Општина Ново Село бележи континуиран пораст. Според официјалните податоци на општината, бројот на посетители е зголемен од околу 8.000 во 2021 година на околу 15.000 туристи во 2024 годи