Македонија
27. September 2025 - 16:33

Нови казни, стари навики

И покрај новите закони, дел од граѓаните со стари навики. Си преминуваат на пешачки премин разговарајќи на телефон, други минуваа улица со слушалки.

Сител на пладне направи обиколка низ Скопје. На најпрометните раскрсници не забележавме полициски службеници, што не беше случај вчера кога минувачите беа опоменувани од службите да го почитуваат новиот закон.

Граѓаните пак со спротиставени ставови за тоа дали треба да се казнуваат со 40 евра пешаците кои користат слушалки и телефон, и со 50 евра за оние кои возат велосипед, тротинет и мотоцикл, а си слушаат музика.

Експертите со поделени мислења за ефикасноста на законот. Инженерот за безбедност Игор Митревски вели дека овој закон го нема во државите со ниска стапка на жртви во сообраќајот.

Оценува дека попрво треба да се работи на тоа да се подобри патната инфраструктура и критичните точки во државата каде се случуваат најголемиот дел на сообраќајни несреќи.

Додека пак универзитетскиот професор Стоимко Златковски смета дека граѓаните за брзо време би се адаптирале на новите измени, доколку полицијата ги казнува оние кои го кршат.

Со новите закони властите очекуваат подобрување на состојбите во сообраќајот. Односно, пешаците да имаат поголемо внимание додека преминуваат улица, а возачите на тротинет и велосипедисти да не им се намали стабилноста со возилото.