Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште

Собранието денес го поддржа Предлог-законот за игри на среќа, кој помина со 59 гласа „за“ и 9 гласа „против“- соопшти пратеникот Антонио Милошоски.
„Казината нема да смеат да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата, се забранува рекламирање на излозите на коцкарниците, како и рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин за личен успех“, напиша Милошоски.
Според него, новото законско решение предвидува низа ограничувања и дополнителни механизми за контрола на приредувачите на игри на среќа.
Законот предвидува и секој апарат за игри на среќа задолжително да биде опремен со систем за локација (GPS), што ќе овозможи тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи.
Дополнително, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, се воведуваат нови финансиски давачки за отворање уплатно-исплатни места, а се зголемуваат и износите на банкарските гаранции.
Според Милошоски, во законот е вградена и препораката на MONEYVAL при Советот на Европа, со што се зајакнуваат механизмите за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Ново на Сител
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
