Нови скандали во ИВЗ, разрешени тетовскиот и струшкиот муфтија
Нови разрешувања и скандали во ИВЗ. На вчерашната седница на Риасетот на ИВЗ, разрешени се тетовскиот и струшкиот муфтија. Под раководство на поглаварот Шаќир Фетаи, Рисасетот назначил в.д муфтии на овие две муфтивства. Во соопштението кое го објавија стои дека е донесена едногласна одлука.
„Како вршител на должноста Муфтија до нови избори на Тетовското Муфтиство е именуван д-р Селвер Џемаили. До нови избори, е поставен за вршител на должноста Муфтија на Струшкото Муфтиство г. Јусуф Исмаили. Риасетот на ИВЗ на РСМ како највисок колективен орган, ги донесе горенаведените одлуки за зачувување на единството на муслиманското население во нашата земја како и за зачувување на интегритетот на Исламската Верска Заедница на РСМ. “
Тетовскиот муфтија Ќани Несими за Сител вели дека ваквата одлука е спротивна на уставот на ИВЗ и обвинува за самоволие на поглаварот.
Средбата свикана од реисот на ИВЗ, Шаќир Фетахи, според написите се одржала без тројца муфтии, од Тетово, Струга и муфтијата од Куманово како и петтмината членови на Риасетот кои беа на влијателни позиции, а беа разрешени спротивно на статутот од страна на реисот Шаќир Фетахи.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
