Македонија
18. јуни 2025 - 16:31

Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение

Доктори и здравствени работници  да се паркираат надвор од кругот на клинички за да има паркинг места за пациентите. Ова е само едно од можните краткорочни решенија за сообраќајниот хаос на скопските клиники што ги планира министерот за здравство. Азир Алиу вели дека на овој начин би се ослободиле од 300 до 500 места, за што преговараат со компании што имаат паркинг простор надвор од клиничкиот комплекс.

Меѓтоа се уште ова е во фаза на разгледување за што ќе треба да ги информираат и вработените.  Како и неколку министри претходно и Алиу ќе брои колку пациенти влегуваат, колку медицински лица одат на работа со автомобили и како полесно да биде одењето на преглед во клиничкиот центар.

-Ќе почнеме од базичните инфраструктни чекори и активности за да видиме колку точно паркинг места имаме внатре. Нашата анализа ќе покаже колку пациенти ги користат паркинг местата, колку вработени има и после ќе излеземе со оптимално решение, краткорочно, а долгороченото решение за паркингот ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар, вели Азир Алиу, министер за здравство.

Една недела по седнување во министерскиот кабинет, Алиу вели дека се активирани на неколку фронтови со барања на решенија за подобар здравствен систем. За Кочани и третманот на повредените од пожарот, целиот процес ќе го води Министерството за здравство од каде ќе координираат што е потребно. Го добиле и барањето за итно вработување на медицински кадар во кочанската болница.

Како МЗ во фокусот ни е Кочани, но не ги забораваме и другите, во целата држава. Итно ќе делуваме во сите здравствени установи со цел сите непрекинато да добиваат медицински услуги. Интензивно работиме на тоа, да се вработат соодветни кадри, во согласност со законите. Многу е итно да се реализираат нови вработувања.

Министерот за здравство кој е доктор по информатички науки најави дека веќе работат на дигитален портал со јавно достапни информации, како на пример, број на доктори, достапни услуги и цени.