Бизнис
23. јуни 2025 - 16:48

Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари

Нов скок на цената на нафтата на светските берзи, ново поскапување на горивата и кај нас. Нападите на САД кон иранските нуклеарни постројки викендов, ја вивнаа цената на нафтата која достигна највисоко ниво од почетокот на годината. Стравот и неизвеснота околу снабдувањето со нафта, предизвикува паника кај анлитичарите, кои прогнозираат дека брент нафтата ќе достигне од 100 до 120 долари за нафта. 

Од полноќ и кај нас ќе се точат поскапи горивата. Ценатат на бензините се зголемува за 1,5 денар, додека на дизелот за денар. Ова е 4-то поскапување на дизелот за една недела, чија цена скокна за 7 денари.. Ако растот продолжи, ќе се намали акцизата за да се амортизира ударот од нови поскапувања

Со порастот на цената на нафтените деривати, расте и на гасот, кој директно влијае врз цената на електричната енергија.

- Мене повеќе тоа ме загрижува. Цената на гасот достигна 41 евро за мегават час, што предизвика енормен скок на цената на електричната енергија за 8 до 10% во Европа. Веќе се прогнзоира поскапување за 3 и 4 квартал, додава Бислимовски

За сега цената на лебот останува иста. Од мелничко пекарската индустрија велат дека имаат доволно залихи за следниве 2 недели, потоа, ако растот на цената продолжи, ќе прават пресметки, каде не се исклучени поскапувања. 

Од Владата го повторија ставотот дека дневно ја следат состојбата и доколку растот продолжи, соодветно ќе реагираат за да го заштитат стандардот на граѓаните и стопанството.